Реклама

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, излетал со возилото од патот

Zaginat isceznatiot velesanec

Велешанецот на возраст од 59 години, кого вчера неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, денес бил пронајден починат на автопатот „Пријателство“.

Zito akcija 640x289px

Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Agria

“Денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот `Пријателство`, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, `форд фокус` со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција – велат од СВР Велес.

Околу тоа кога точно изчезнал човекот кој според пријавата од внукот живеел сам, и дали и било пријавено дека го нема и неговиот автомобил, не успеавме да добиеме одговор од надлежните.

Можеби ќе ве интересира: