Празнување на Свети Климент Охридски Чудотворец

Денешниот празник е востановен во чест на Свети Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и во просветителството.

Zito akcija 640x289px

Свети Климент го создал првиот словенски универзитет – Охридската книжевна школа. Имал голем број ученици коишто ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ. Вршел чуда и за време на земниот живот, а се верува дека неговите мошти и во денешно време  пројавуваат исцелителна сила.

Agria

Покрај црковните и педагошките дејности, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Св. Климент Охридски, исто така е патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Денешниот ден е прогласен за дражвен празник и е неработен ден за сите граѓани

Можеbи ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: