Реклама

Коцевски: Состојбата со коронавирусот во Велес е под контрола

Ace Kocevski 26.03.2020

Состојбата во Велес и велешко со коронавирусот не е алармантна и е под контрола, затоа нема место за паника, смета градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

Zito akcija 640x289px

“Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје ги лоцираа сите кластери и состојбата ја држат под контрола”, рече Коцевски.

Agria

Тој информираше дека синоќа на инфективната клиника во Скопје почина уште еден велешанец, на возраст од преку 70 години. Во последното деноноќие се регистрирани двајца новозаразени велешани. Со тоа, бројката на вкупно заразени граѓани на Велес е 111, од кои 56 се оздравени, 48 се сеуште активни случаи, а седуммина починаа. Денеска се регистрирани и двајца оздравени велешани.

Коцевски ги демантираше обвинувањата од Левица и ВМРО ДПМНЕ во врска со случајот со заразените вработени во конфекциската фабрика “Ју Ка”.

“Како градоначалник ги презедов сите постапки кои се во моја надлежност и му укажав на сопственикот на конфекцијата за последиците кои може да ги има. Имам информации дека државните органи веќе водат постапка за овој случај. Апелирам до опозицијата да не ја манипулира јавноста и да не шири лажни вести”, рече градоначалникот Коцевски.