Борачите на Борец, се враќаат со пет медали од силниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за деца и пионери „Победник 2023“, кој се одржа во Белград. Сите пет натпреварувачи освоија одличја.
Содржината продолжува под рекламата
Ќамуран Шаќиров е шампион во категорија до 60 килограми, сребрен медал освои Никола Петрушевски во категорија до 70 килограми, додека бронзени медали освоија , Аце Јовановски во категорија до 52 килограми, Теодор Алексовски во категорија до 90 килограми и Левче Картинов во категорија до 60 килограми.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот се презадоволни од прикажаното на борачите на овој турнир, бидејќи ги надминале очекувањата.
Можеби ќе ве интересира: