Кошаркарите на Борец Баскет го впишаа вториот пораз во низа во Вѕората кошаркарска лига, откако денес во Велес, со триумф од 68:60 си замина тимот на Шкупи.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата од Чаир имаше одличен почеток во првите осум минути, избраниците на тренерот Тони Симиќ направија високи (22:4). И како да се задоволија со таа висока позитива гостите од Скопје. Момент кој велешани знаеја да го искористат, и на полувреме да заминат со негатива од само минус 5, (30:35).
Содржината продолжува под рекламата
Но тое беше се што домашниот состав успеа да направи. Во текот на целиот втор дел гостите само ја одржуваа предноста. Во финишот велешани пробаа да направат пресврт, но останаа без оној завршен удар.
Најефикасен кај Борец Баскет, беше Карталовиќ, кој реализираше 11поени, додека Младеновски 10. Кај победничката екипа, Камбери,постигна 19.поени, Димитровски даде 17, а Стојанов 12.поени.
Можеби ќе ве интересира: