ВМРО-ДПМНЕ ќе го исклучи од партијата својот член кој беше фатен со дрога во Охрид

vmro-dpmne palata
vmro-dpmne palata

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид и во најитен рок ќе биде исклучен од партијата, соопштија од ВМРО ДПМНЕ, откако претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека лице блиско до Христијан Мицкоски и градоначалникот Пецаков било фатено како употребува наркотични средства во угостителски објект.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.

Agria

„Толоманоски  по пријавата е разрешен, СДС наместо  двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос“, се вели во соопштението до медиумите од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно од СДСМ објавија дека истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин. Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: