Шефот на државата размислува да испрати порака до Ердоган во врска со екстрадицијата на Палевски

pendarovski
pendarovski

Претседателот Стево Пендаровски синоќа изјави дека размислува деновиве да испрати порака до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дека Скопје очекува побрза екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Zito akcija 640x289px

Пендаровски ова го изјави во интервјуто во емисијата „360 степени“, нагласувајќи дека не треба да се дозволи предолго да трае процесот на екстрадиција од Турција.

Agria

„Тоа е работа на министерот за правда, кој го испрати барањето за екстрадиција, но случајот е преголем за да го оставиме само да помине низ некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или години“, кажа шефот на државата, одговарајќи на прашањето дали со ова може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.

Министерството за правда на 7-ми декември испрати барање до Турција за екстрадиција на Палчо. Според меѓународна потерница, Палевски е уапсен на 5-ти декември во градот Баликесир во Турција, каде што пристигнал преку Бугарија и Србија.

За случајот со киднапирањето и убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот фризер, Основното јавно обвинителство Скопје веќе покрена истражна постапка против пет лица, меѓу кои и таткото на девојчето.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: