Повеќе земји учеснички од четири континенти ќе имаат свои тимови кои ќе се натпреваруваат во кајак на диви води во повеќе дисциплини, во класична трка, спринт трка, крос трка, рафтинг трка како и најатрактивната трка позната како “Tiger jump” која е планира да се оддржи на 1ви Јануар 2024 година.
Содржината продолжува под рекламата
Кинеската кајак асоцијација во периодот од 26.12.2023 до 01.01.2024 ќе биде организатор на голем спортски настан во реонот Ну Јианг, градот Лушуи на реката Салвин.
Содржината продолжува под рекламата
Македонскиот тим ќе биде предводен од Александар Златаров, кој веќе има учествувано во 2019 година, заедно со Кристијан Лазаров и Благој Гугинов , членови на К.К.К Арка-Борец од Велес.
Прв македонски учесник на овој меѓународен натпревар во Кина во 2018 година беше репрезентативецот Љубомир Спасиќ.
Можеби ќе ве интересира: