Министерството за внатрешни работи склучи договор за изработка на налепниците со меѓународниот код „NMK“ кои ќе бидат аплицирани на регистерските таблици. Со ова се исполнува една од обврските преземени со Преспанскиот договор, според која македонските граѓани до 12 февруари ќе треба да ги заменат регистерските таблици со новата ознака.
Тендерот за изработка на налепниците го добила фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „Еха Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. Договорот е објавен на страницата „Јавни набавки“.
За оваа цел мвр е предвидено да потроши 2,29 милиони евра во период од 3 години.
Колку оваа обврска и промена ќе ги чини граѓаните се очекува МВР да објави многу скоро.
Можеби ќе ве интересира: