Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во сабота ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час).
Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.
Можеби ќе ве интересира: