„Презимето кај Македонците“ е најновото дело на д-р Елка Јачева-Улчар. лингвист, македонист. Промоцијата на ова дело се одржа вечерва во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес. Пред присутните се обрати Снежана Бошевска, директор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес, а за делото говореа Татјана Алексиќ и Игор Радев.
Содржината продолжува под рекламата
Интересни факти со презимињата од ова поднебје. За тоа како се менувале низ годините. За презимињата кои исчезнале, но и за новите презимиња кои се вдомиле во овие краеви.
Содржината продолжува под рекламата
Книгата е научна студија која се базира на податоци од речникот на презимињата кај Македонците. Д-р Елка Јачева-Улчар, вели дека неопходно било да се направат овие истражувања, и да се освежат, постоечките, веќе застарени информации.
Можеби ќе ве интересира: