Бисинов Фруитленд го совлада Радовиш во прволигашкото ракометно дерби

Во прекрасна атмосфера, во салата „Гемиџии“ во Велес, екипата на Бисинов Фруитленд го доби дербито на Првата ракометна лига против екипата на Радовиш со 26:25, и со тоа остана единствена екипа која има стоотстотен учинок.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Натпреварот го реши голот на Никола Димитров, на една минута пред крајот на натпреварот, а потоа и голманот Паунов не дозволи гостите да израмнат. Натпреварот помина според очекувањата, се играше гол за гол и ниту една од двете екипи не можеше да направи исчекор. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најефикасни во Бисинов Фруитленд беа Ивица Илиев со девет и Никола Димитров со шест погодоци. Кај Радовиш најдобар поединец беше Здравко Постолов со осум погодоци.

Можеби ќе ве интересира: