Реклама

Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24% во однос на одлуката од 11.12.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,348 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Цените на горивата од полноќ се : Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар), Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар), Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС – 40,920 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: