Вчера од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес, заедно со полициски службеници од Одделение за општ криминал при СВР-Велес, во Средното стручно општинско училиште ,,Јовче Тесличков“ во Велес, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, со учениците беше организирана едукативна работилница ,,Не за користење на пиритехнички средства и петарди“, ,,Слави со срце, не со оружје“ и „Волан и алкохол најлоша комбинација“.
Содржината продолжува под рекламата
На едукативната работилница на учениците преку едукативна презентација им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства и им беше укажувано за опасностите по здравјето, безбедноста и законските последици од недозволеното користење на пиротехнички средства, како и последиците до кои може да дојде доколку се управува возило под дејство на алкохол.
Можеби ќе ве интересира: