Врховниот суд го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацови на Водно“

Nikola Gruevski
Nikola Gruevski

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот КВП-КОК2-бр. 16/23, познат во јавноста како „Плацови на Водно“.

Содржината продолжува под рекламата

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањето на осудениот Н. Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр. 63/21 од 21.4.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр. 127/22 од 14.2.2023 година го одби како неосновано, се истакнува во официјалното соопштение.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Груевски за „Плацови на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: