Ракометарите на Бисинов Фруитленд со максимален учинок го завршија регуларниот дел од Првата лига, група Б. На гостувањето во Гевгелија, тие беа подобри од домаќинот Партизан со резултат 36:14.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите од Велес уште од самиот старт го презедоа водството, кое од минута во минута само се зголемуваше. Во вториот дел велешани одиграа одлична одбрана, и примија само четири гола.
Содржината продолжува под рекламата
Бисинов Фруитленд заврши на првото место во Првата лига, Група Б, со максимален учинок, и ќе пренесе три бода во разигрувањето за влез во Супер ракометната лига.
Најефикасни кај велешани беа, Димитров со седум постигнати погодоци, и новопечениот кадетски репрезентативец Александар Ристовски со пет погодоци. Кај домаќините се истакна Ангелов со четири погодоци.
Можеби ќе ве интересира: