Реклама

Потона сплав во Белград, евакуирани 30 млади луѓе

Потона сплавот „Картел“ на 23 декември во близина на Белградскиот саем. При инцидентот се евакуирани најмалку 30 лица, велат од итната служба за српската новинска агенција Бета.

Zito akcija 640x289px

„Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. не биле повредени, но морале да пливаат во ладна вода и доживеале голем стрес“, велат од белградската Итна помош.

Службата изјавила дека ноќта била „тешка“ и дека имале 127 интервенции, од кои 28 на јавни места, а алкохолизмот бил најчеста причина за излегување на екипите на итната помош на терен.

Agria

Можеби ќе ве интересира: