Реклама

По 800 евра казна за девет велешани кои го прекршиле полицискиот час

Policiski cas 01.04.2020

Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица, осомничени за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Zito akcija 640x289px

„Обвинетите го прекршиле полицискиот час, па биле затекнати како се движат на различни локации, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Јавниот обвинител предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност“, велат од Основното јавно обвинителство Велес.

Agria

Во меѓувреме, СВР Велес соопшти дека во изминатото деноноќие не регистрирал ниту едно прекршување на полицискиот час на подрачјето кое го покрива Секторот.

„Во овој период има девет нови регистрирани лица со Решенија за изолација, сите се во Велес, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 128 лице, од кои 123 во Велес, пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 36 лица, од кои 25 во Велес,  шест во Кавадарци и пет во Неготино“, велат од СВР Велес.

Полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација и констатирала дека овие мерки ги почитувале сите.