Велес утрово се разбуди како трети најзагаден град во Македонија, според сајтот „IQAir“. Според статистиката на сајтот „IQAir“ воздухот во Велес е во категоријата „нездрав“. Со индекс на загадување 173, Велес утрово за речиси 19,7 пати ја надмина горната граница која како препорака ја поставе Светската здравствена организација.
Содржината продолжува под рекламата
Како главен загадувач во нашиот град наведени се ПМ2.5 честички со густина од 98,5 микрограми на кубен метар, а потоа следат ПМ10 честичките со 113 микрограми на кубен метар.
Содржината продолжува под рекламата
Пред Велес се најде Струмица како најзагаден град со индекс на загадување од 192, и Скопје со индекс на загадување од 174.
Можеби ќе ве интересира: