Избори мора да има веднаш, бидејќи не знаеме што ќе се случува наесен и чекањето може да биде поопасно. На државата и е неопходна целосна извршна власт, а не раководство како што е сега, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за Батали.нет.
Тој зборува и за тоа како Кавадарци успеа да се избори со коронавирусот и да остане само со петмина заразени, кои во меѓувреме се опоравија, за економските последици за Кавадарци од корона-кризата, но и за очекувањата од претстојниот гроздобер, за откупните цени и пласманот на грозјето.
Погледнете го интервјуто со Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.