Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во СВР Велес. Во првиот случај синоќа, 36 – годишна жена од велешко пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Н.(39). Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот случај, пак, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.М.(49) од Кавадарци затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата 29 – годишна сопруга, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: