Татко и син се убиените двајца вчера во тетовско Челопек од страна на нивниот 60-годишен роднина, кого веќе МВР го уапси.
Неофицијално, убиецот во тетовското село е познат како Илми, додека убиени се 55-годишниот Фарук и неговиот 30-годишен син Муарем.
Како што известува „Сител“ од изјави на жителите, причината за реакцијата на Илми е изградба на куќа која му пречела, а убиствата ги извршил со пиштол. Пукал и го ранил и нивниот брат, односно чичко.
Фарук и Муарем биле на времен престој во Македонија од Германија и Швајцарија.
Можеби ќе ве интересира: