Реклама

Пред 10 години на скијање настрада Михаел Шумахер, каква е неговата здраствена состојба?

sumaher

Десет години,2013 година светот остана во шок по веста дека еден од најдобрите возачи во Формула 1, Михаел Шумахер, се здоби со тешка повреда на главата при скијање на француските Алпи. Страшниот пад му зададе на Германецот оштетување на мозокот, по кое долго време се бореше за својот живот. И после десет години, денес, речиси ништо не се знае за тоа во каква здравствена состојба се наоѓа, освен дека „Шуми“ е во стабилна состојба, а неговата рехабилитација и натаму продолжува.

Zito akcija 640x289px

Фамилијата на поранешниот шампион во формула 1, скоро да нема дадено информации за состојбата на возачот, а оние кои доаѓаат за него се од неговите пријатели.

Agria

Но… „Михаел не е повеќе оној кој го знаеме. Но, од почит кон неговото семејство не можеме ништо повеќе да кажеме“ – ќе речат неговите блиски пријатели по посетата на неговиот дом во последниот период.

Неговиот долгогодишен пријател Фелипе Маса пред неколку години кажа дека неговата ситуација не е наивна, и дека се наоѓа во тешка состојба, но дека мора да се почитуваат неговите желби.

„Ако неговото семејство решило да не дава информации, кој сум јас да споделувам?“, рече тогаш Маса.

Според поранешната жена на Флавио Бриаторе, Елисабета Грегорачи, Шумахер комуницира само со очите и околу него се тројца луѓе.

Според неа, рехабилитацијата на Шумахер се одвивала во Шпанија, каде што во самата куќа има направено болница.

Никој никогаш не сподели фотографија или било што со него, јавноста не знае како изгледа после падот и тешката рехабилитација. После десет години и натаму многу малку се знае што се случува со еден од најдобрите спортисти на сите времиња кој и натаму е ценет и почитуван во светот на Формула 1.

Можеби ќе ве интересира: