(ФОТО) Пеце Стојанов и Виктор Перчинков први зимски засилувања за Борец

percinkov-i-stojanov-borec-2

Екипата на Борец, денес ги промовираше своите први зимски засилувања за втората полусезона во Третата фудбалска лига – Југ. Пеце Стојанов и Виктор Перчинков се нови имиња во ростерот на Љупчо Димитковски – Гањо.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

24-годишниот напаѓач Пеце Стојанов, е нов играч на Борец. Тој доаѓа од екипата на Превалец, каде што имаше одлични настапи. Во сезоната 2021/22, беше најдобар стрелец во Трета фудбалска лига – Југ со постигнати 29 гола во 26 кола.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Тука сум да му помогнам на клубот, да го освои првото место во Трета фудбалска лига- Југ, и веќе наесен во Велес да се игра второлигашки фудбал“, изјави новиот член на Борец, Пеце Стојанов.

Перчинков потекнува од младите категории на „Академија Нацев“, а има и интренационално искуство, настапувајќи за Пирин од Бугарија. По шестмесечна пауза поради повреда, тој повторно ќе заигра за Борец оваа пролет.

Клубот не застанува тука и преговара и со уште неколку фудбалери кој би требало да ја засилат пред се одбраната. Борец имаше солидна полусезона, и ќе презими на втората позиција со 23 бода, два помалку од лидерот Големо Коњари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: