Македонските кајакари, членови на ККК Арка Борец- Велес, кои учествуваат на меѓународен кајарски натпревар во Кина, во состав Алексaдар Златаров, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров, постигнаа одлични резултати.
Содржината продолжува под рекламата
На тешката патека наречена „Тигаров скок“, на реката Салвин, во категоријата Кајак крос, Александар Златаров со задоцнување од 2,78 секунди, зад лидерот Вид Кудер Марушиќ го освои шестото место, Благој Гугинов е 21, додека Кристијан Лазаров го освои 32 место.
Содржината продолжува под рекламата
На настанот кој се одржува во во реонот Ну Јианг, градот Лушуи на реката Салвин, учествуваат натпреварувачи од четири континенти и се натпреваруваат во кајак на диви води во повеќе дисциплини, во класична трка, спринт трка, крос трка, рафтинг трка како и најатрактивната трка позната како “Tiger jump” која е планира да се оддржи на 1ви Јануар 2024 година.
Можеби ќе ве интересира: