Успешно заврши едномесечниот „Волшебен Жито караван“ организиран од Жито Маркети.
Изминатиот месец караванот помина низ 20 локации низ земјава, носејќи вистинска радост и
подароци како за најмалите така и за возрасните.
Содржината продолжува под рекламата
На секоја локација, децата имаа можност да се сретнат со Дедо Мраз и да разговараат со него
споделувајќи ги своите новогодишни желби и соништа за претстојната година. Забавата на
сите посетители и купувачи на Жито Маркети беше надополнета со подароци и награди.
Содржината продолжува под рекламата
„Волшебниот Жито караван последниот месец од годината рашири голема радоста и ја долови
во вистинско светло новогодишната магија. Секоја негова локација беше внимателно избрана
со цел да бидат опфатени повеќе градови од земјата. Задоволни сме и среќни што нашите
верни купувачи ја почувствуваа новогодишната радост и имаа поразлично секојдневно
пазарување, исполнето со можност за награди и подароци“, велат од менаџментот на
компанијата.
За време на „Волшебниот Жито караван“ имаше над 1500 фотографии, а беа доделени и над
20 ваучери за патување со вредност од 6000 денари.
Караванот своето патување го заврши на 30.12.2023 година, симболично пристигнувајќи пред
Жито Ване – Велес. Купувачите покрај тоа што последниот ден од караванот имаа можност да
се дружат и фотографираат со Дедо Мраз, уживаа и во забавата со маскоти, забавниот парк,
закуски и музика пред маркетот кој го прослави 13-тиот роденден.
Moжеби ќе ве интересира: