Реклама

Заврши реконструкцијата на велешкиот Здравствен дом

Заврши реконструкцијата на Здравствен дом Велес. По неколку децении постоење, овој објект доби нов, модерен лик. Реновирани се тоалетите, поставени нови прозорци и врати, а променети се и старите и дотрајани плочки со нови.

Zito akcija 640x289px

„Изведени се градежни работи во кои е заменета старата дограма со нова, нови врати, како и поставени се нови подни плочки во ходниците и амбулантите на Здравствениот дом како и реконструкција на тоалетите за пациентите. Сметаме дека после изминатите повеќе децении им овозможуваме на граѓаните како пациенти да ги користат услугите на здравствениот дом во целосно обновени простории поради кои и квалитетот на здравствените услуги ќе биде на повисоко ниво. Секако тука е и енергетската ефикасност за самиот здравствен дом поради замената на дограмата“, вели директорот на Здравствен дом Велес, Нино Николов.

Agria

Реконструкцијата на велешкиот Здравствен дом за ова потроши 2,5 милиони денари од сопственипт буџет.

Moжеби ќе ве интересира: