Осомничените во случајот со убиството на Вања и Панче, добија продолжување на мерката притвор

velibor Manev
velibor Manev

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината осомничените во случајот со  убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, соопштија денеска од Кривичниот суд.

Zito akcija 640x289px

Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.

Agria

Продолжен е и притворот за Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.

Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување, односно околу десет часот е застрелана. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари.

Извештајот од судска медицина за случајот беше испратен до обвинителството при крајот на минатиот месец. Извештајот е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот.

На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето на Вања.

Првоосомничениот во случајот Палевски ја напушти државата на 30 ноември и кратко престојуваше во Белград. На 2 декември, осомничениот Димковски со возило Ленд Ровер го превезол Палевски преку Бугарија во Турција, каде по меѓународна потерница беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

Турското обвинителство во меѓувреме на Палевски му одреди привремен затвор во Казнено-поправна установа Беликсир. Ќе бидат потребни месеци за тој да биде екстрадиран во Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: