Реклама

Во Велес пријавени два случаја на семејно насилство

semejno nasilstvo

Секторот за внатрешни работи-Велес, за празниците регистрираше два случаја на семејно насилство. Во првиот случај, во Полициската станица во Велес е приведен Е.Ф.(31) од велешко село, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 08.01.2024 во 14.20 часот полициски службеници од СВР-Велес го лишиле од слобода Е.Ф.(31) од велешко село, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. Тој е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На 09.01.2024 во 01.40 часот полициски службеници од СВР-Велес, го лишиле од слобода Р.Д.(32) од Велес, затоа што во семејната куќа му се заканувал на неговиот 61-годишен татко. Тој е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: