Реклама

Поевтинува дизелот и Еуросупер БС-98

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 2.1.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од 10.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: