Реклама

Протест на вработените во обложувалниците и казината, бараат да нема измени на Законот за игрите на среќа

kazino

Зад законските измени се кријат лични интереси, велат приредувачите на игрите на среќа, кои денес се собраа на протест пред Собранието.

Zito akcija 640x289px

Тие бараат да присуствуваат на седницата на Комисијата за европски прашања и предупредија дека ќе продолжат со протестите ако не бидат исполнети нивните барања.

Agria

„Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени“, порачаа приредувачите на игрите на среќа.

На протестот присуствуваа Асоцијацијата на спортските обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачите на игри на среќа во автомат-клубови и казина (АПИС).

Повод за собирот е закажаната седница на Комисијата за европски прашања, на која на дневен ред е второ читање на предлогот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Можеби ќе ве интересира: