Реклама

Пронајден амфетамин и масло од канабис, велешката полиција лиши од слобода маж на 39 години

SVR Veles policija

39-годишен велешанец е приведен синоќа откако по наредна од Основниот суд во Велес, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога оружје извршиле претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени маско од канабис и амфетамин.

Zito akcija 640x289px

“На 14.01.2024 во 17.50 часот во Велес, полициски службници од Отсекот за недозволена
трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(39) од Велес. При
претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски
службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, биле пронајдени
и одземени масло од канабис и амфетамин“, се вели во соопштението на полицијата.

Agria

Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: