Пронајден 48-годишен велешанец во тешка состојба на улица, починал во болница

veleska bolnica
veleska bolnica

Маж на возраст од 48 години вчера во утринските часови бил пронајден на улица во Велес во многу тешка здравствена состојба, по што бил донесен во велешката Општа болница.

Zito akcija 640x289px

Му била укажана прва помош, а но состојбата му се влошила, по што починал.

Agria

Од ЈЗУ Општа болница Велес за „Фокус“ велат дека пациентот бил во запуштена состојба, со повреда на главата и дезиориентиран.

-Од Одделот за Интерни болести пациентот беше преместен на хирургија, но состојбата му се влошила, и покрај вложените напори од медицинскиот тим, тој починал. Побаран е Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција, ни изјави портпаролката на болницата, Марина Андова.

И од СВР Велес го потврдија случајот.

„На 14.01.2024 во 09.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес во тешка здравствена состојба бил донесен В.С.(48) од Велес, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилстово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“ – соопштија од таму.

Како што неофицијално дознаваме, станува збор за бездомник. Тој бил пронајден на улица, пред угостителски локал.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: