Четири млади футсал играчи на КМФ Кеги Моби, Петар Каров, Марко Јанушев, Мустафа Чолаковиќ и Астрит Имери, се повикани на собирот за репрезентација на Македонија до 19 години кој се одржува во Хотел Русија, Скопје, каде се повикани повеќе од 20 играчи од целата држава.
Содржината продолжува под рекламата
Под водство на селекторот Зоран Лекиќ, кој воедно е и тренер на КМФ Железарец, Мац Цветковски тренер на голмани, поранешен долгогодишен репрезентативец и член на КМФ Железарец, Мац Стефановски исто во одборот на ФФМ поранешен долгогодишен репрезентативец и член на КМФ Бутел, од вчера па се до петок ќе скаутираат кој играчи ќе го облечат репрезентативниот дрес.
Содржината продолжува под рекламата
Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години во месец Април треба да патува за Хрватска на натпреварување. Од управата на КМФ Кеги Моби им посакаа среќа и успех на идните репрезентативци.
Можеби ќе ве интересира: