JПВ Лисиче со вкупна инвестиција од 26 милиони евра обезбедува вода за наводнување на 3650 хектари земјоделско земјиште во Велес и Чашка

Jpv Lisice Dejan Arsovski vo Vlada
Jpv Lisice Dejan Arsovski vo Vlada

Со вкупна инвестиција од близу 26 милиони евра се обезбедува вода за наводнување на 3650 хектари земјоделски земјиште на земјоделците на Велес и Чашка.

Zito akcija 640x289px

Вкупната инвестицијата која ги опфаќа Лисиче, Страиште, Конско и Пепелиште е вредна над 100 милиони евра, од кои 26 милиони евра одат за велешкото Јавнот претпријатие Лисиче.

Agria

На денешното потпишување во Владата присуствуваше и Дејан Арсовски, поранешен директор на ЈПВ Лисиче Велес кој што комисиски учествуваше во целокупниот административен процес.

Овој проект е од огромно значење за Велес и околината. Овие 1440 предвидени приклучоци за наводнување на земјоделско земјиште ќе значат живот за земјоделците од овој крај.

„Ова беше огромен административен процес и ми е посебно драго што бев дел од сето тоа и што успеавме да донесеме ваква инвестиција во Велес.
Езерото Лисиче е бисерот на Велес и секоја инвестиција е драгоцена. Овој проект е почеток на многу работи кои што ќе ја гарантираат иднината на езерото”, изјави Дејан Арсовски од ЈПВ Лисиче.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека четирите нови системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар. Хидросистемот Лисиче ги опфаќа земјоделците од Велес и Чашка и обезбедува наводнување за 3 650 хекатри, системот Пепелиште опфаќа 3 000 хектари во Неготино и Демир Капија, Страиште  1 500 хекатри во Валандово и најголемиот, Конско, опфаќа 5 500 хектари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран

„Реализацијата на оваа Програма е во линија на нашите заложби за создавање модерно земјоделство, по европски терк, со што ги решаваме децениските проблеми на нашите земјоделци. Активностите предвидуваат изградба, рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување и изградба на мали хидроцентрали на Лисиче и Конско. Овие системи ќе го зголемат хидропотенцијалот и обемот на земјходелското производство, но ќе ги намалат и економнските загуби, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Инвестицијата вредна над 100 милиони евра, ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Седумдесет отсто од средствата се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30 проценти се од државниот буџет.

Пред денешното потпишување на Договорот со меѓународната консултантска компанија ЦЕС, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека реализацијата на оваа програма е дел од заложбите за создавање модерно земјоделство, по европски тек.

Мoжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: