СДСМ: Мора има одговорност за аферите, градоначалниците на ДПМНЕ фатени со рацете во медот

gerila akcija SDSM VELES ZA TRAKTOR
gerila akcija SDSM VELES ZA TRAKTOR

Мора да има одговорност за аферите за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ, се вели во соопштение од СДСМ.

Zito akcija 640x289px

„Градоначалниците на ДПМНЕ се фатени со рацете во моедот, со купување поскапи машини за неколкупати повисока цена над реалната. Општина Битола набавува машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена од речиси 50.000 евра. Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 42.000 евра. Овие цени се 3-4 пати повисоки од реалните, со оглед на тоа што општина Центар, купила иста таква машина, но за 13.000 евра. Разликата е огромна. Битола платила дури 37.000 евра повеќе од Центар, а Велес дури 29.000 евра. Во чии џебови завршила разликата?“, велат од партијата.

Agria

СДСМ уште еднаш ги повикува надлежното Обвинителство и Антикорупциската комисија да постапат, во врска со овие факти, кои се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.

Инаку, денеска на градскиот пазар во Велес, граѓаните кои беа на пазарување имаа прилика да видат мал трактор со натпис на кој што пишуваше “За Градоначалници 45.000 евра“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: