Со старите проблеми од денеска започна второто полугодие за основците и средношколците, од учебната 2023/2024 година. Учениците среќни што се враќаат во школските клупи, но проблемот со недостиг од учебници се уште не е решен.
Содржината продолжува под рекламата
Недостасуваат учебниците по новиот предмет Историја и општество за шесто одделение. Колку учениците ќе научат историја, зависи од креативноста на наставникот и од вниманието на ученикот. Дома немаат можност да ги учат лекциите, па мораат да концентрират на часовите.
Содржината продолжува под рекламата
Од оваа учебна година воведен е и пролетен распуст, во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.
Можеби ќе ве интересира: