Реклама

Мицкоски: Во Македонија со оваа власт се случуваа дневни скандали

Mickovski VMRO DPMNE

Во Македонија со оваа власт се случуваа дневни скандали, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конференција во Скопје во организација на Паневропската унија на Македонија.

Zito akcija 640x289px

„Имаме скандали на секојдневна основа и сега не говорам само за изминативе неколку седмици, туку говорам за изминативе неколку години. И секогаш кога говорам со меѓународни претставници кои се присутни во државата или кои остваруваат посета во нашето седиште на партијата вообичаено ме прашуваат па добро што ќе направите, што ќе сторите вие. Не постои рецепт што јас би требало да направам, не постои таков случај. Потребно е да има политичка волја која би требало да биде одлучна без било каков компромис, без било какви концесии и отстапки. И однесувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе две години кои беа избрани со голема изборна победа на локалните избори е типичен пример на тоа дека не сме исти“, рече Мицкоски.

Agria

Мицкоски кажа дека на пример откако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се на чело на општините каде што се избрани нема ниту еден единствен случај за корупција или криминал што е поврзан со нив.

„Ние имаме брилијантни законски решенија пишани на хартија, меѓутоа она што недостасува е спроведување. На пример, имаше еден случај за М-НАВ, група на политички активисти со криминалци влегуваат во објект кој што е од круцијално значење за НАТО државите. Меѓу нив е еден кој што е претседател на локалниот огранок на партија ДУИ. Само што го притворија, вчера беше пуштен на слобода. А, во меѓувреме слушнавме дека неговите колеги, соработници на неколку метри од оваа сала најавиле кампања за европски вредности“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека човекот кој што влезе во објект кој е од стратешка важност, или во објект каде што се надгледуваат прелетувањата на авионите и нападна колеги, од денеска е слободен човек.

„И ова не е добар пример, ова е проблем за кој што зборуваме и укажуваме дека има двојни аршини“, додаде тој.

Мицкоски укажа дека за жал ова е реалноста со која што се соочуваат граѓаните секојдневно со оваа власт.

Според него во Македонија е потребно луѓето кои ќе ја водат државата да демонстрираат лична заложба и да бидат пример, а тоа ќе ги охрабри сите да направат нешто повеќе.

Можеби ќе ве интересира: