Реклама

Поведена истрага за злоупотреби на Клиниката за онкологија

onkologija

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 5 лица, од кои две службени лица – поранешен медицински директор на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје и поранешен организациски директор на Клиниката, како и тројца доктори – онколози.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Двајцата директори како соизвршители се осомничени за кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, а докторите за помагање при извршување на истото кривично дело. Медицинскиот директор е осомничен и за Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените директори. Мерките опфаќаат – забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа, а за медицинскиот директор и оддалечување од работното место на Клиниката.

Во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека осомничените директори на Клиниката со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со намера за друг да прибават противправна имотна корист го довеле во заблуда овластеното лице во Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата на пари за набавка на лекови кои ги трошеле и нарачувале спротивно на законските и подзаконските прописи, без формиран стручен колегиум и без соодветни медицински протоколи. Во ова со умисла биле помогнати од тројцата други осомничени доктори кои одредена терапија пропишувале вон препораките и свесно избегнувајќи ги параметрите кои ја опишуваат состојбата на пациентот во однос на болеста.

Основното јавно обвинителство Скопје ја продолжува истрагата во предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија и повторно апелира до сите пациенти да се јавуваат во Јавното обвинителство и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци, бидејќи нивните сознанија ќе бидат исклучително важни и во натамошниот тек на постапката.

Можеби ќе ве интересира: