Реклама

Ковачевски бара МВР да интервенира за куршумот во дворот на Таравари и нападот врз Небиу

kovacevski, i daniela stojanovska

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека загрижува информацијата за пронајден куршум во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и посочи дека доколку е точна, МВР треба да интервенира и во овој случај, исто како што интервенираше во врска со вчерашниот напад на директор на владина институција.

Zito akcija 640x289px

„Секако дека ме загрижува ова. Се информирав дека МВР веќе има интервенирано во делот на тепачката која што се има случено вчера во Тетово, каде што е нападнат директор на владина институција од страна на лице кое што е идентификувано со име и презиме. Сметам дека МВР тоа треба да го заврши. И доколку и оваа информација која што сега ја споделивте е точна, тогаш треба на ист начин ригорозно да се интервенира“, рече Ковачевски за време на неговата посета на градинката „Пролет“, во одговор на новинарско прашање.

Agria

На новинарско прашање дали по турбуленциите во Алијанса за Албанците викендов, смета дека оваа партија е поблиску или подалеку од Европскиот фронт, Ковачевски одговори дека секоја политичка партија одлучува во рамки на своите органи за тоа како ќе се постави во политичкиот простор. Како што рече, останува на Алијанса за Албанците да одлучи дали ќе е за ЕУ или за „некакви недефинирани алтернативи“.

„На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток, дали ќе оди за Европа или ќе оди за некакви недефинирани алтернативи коишто никој не ги објаснува. Тоа е сепак нивна одлука“, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира: