Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“ и Хабитат Македонија ќе реновираат два објектa за социјално загрозени семејства во општина Чашка

Caska i Habitat

Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives донира 70.000 евра за реконструкција на два објекта за социјално загрозени семејства во општина Чашка. Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000 евра, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со донацијата се опфатени два објекти со дневен центар за стари лица и со апартмани за домување на социјално загрозени лица кои ќе бидат комплетно реновирани со термо енергетска фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни опшивки, олуци и нови прозорци и врати.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Реконструкцијата и енергетско ефикасната обнова на овие два објекти се планира да заврши во период од една година, а Saint-Gobain и Хабитат Македонија преку овој проект сакаат да ги зајакнат капацитетите и потенцијалите на ранливите категории, нивната интеграција во локалната заедница и поддршка во справувањето со сите социјални предизвици.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: