Вработените во Секторот за внатрешни работи од Велес ја докажаа нивната хуманост. Тие во голем број се одзваа на повикот за учество на крводарителската акција.
Содржината продолжува под рекламата
Истата се одржа денеска во просториите на СВР Велес при што даруваа 29-мина припадници на полицијата, што е втор најголем број во изминативе пет години. Двајца од нив даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Содржината продолжува под рекламата
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и eкипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. На акцијата волонтерски беа ангажирани две лица од Клубот на млади.
Можеби ќе ве интересира: