Реклама

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Zemjotres

Земјотрес со јачина од трет степен утрово во 6.32 часот е почувствуван во Охрид и Кичево, соопшти  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда  од 3,6 степени.

Agria

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира