Реклама

Раководството на велешко „ЈПВ Лисиче во работна посета на „Стрежево“

Во работна посета на ЈП “Стрежево” – Битола вчера беа раководствата на Јавното претпријатие за водостопанство “Лисиче”-Велес, Панче Иванов и Дејан Арсовски како и раководствата на ЈП ХС “Злетовица”.

Zito akcija 640x289px

Гостите го посетија компјутерскиот центар во Управната зграда на претпријатието, командната зграда на браната, хидротехничките и придружни објекти на браната, хидроцентралите, како и неодамна изградената фотоволтаична централа.

Agria

Во рамките на посетата, реализираа заедничка средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски и разговараа за тековната состојба и можностите за интензивирање и продлабочување на билатералната соработка меѓу трите институции со водостопанска дејност.

На средбата покрај потенцираната одлична соработка, стана збор за состојбите во македонското водостопанство, обезбедувањето на економично стопанисување, користење, функционирање и одржување на хидросистемите, како и за подобрување на условите за поуспешно работење на носителите на водостопанската дејност и користење на нашите услуги од страна на корисниците на вода.

Исто така беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу трите институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка, а првенствено црпејќи го искуството на Стрежево како најсовремен систем од ваков вид во државата и регионот.

Достапноста до доволно количество квалитетна вода, во согласност со начелата за одржливо управување со водите за пиење и за производство на храна, за потребите на земјоделството, индустријата и хидроенергетските потреби се акцентирани како клучни теми на работниот состанок.

Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со Злетовица и Лисиче, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен”, изјави по средбата директорот на претпријатието Методија Граматковски.

Moжеби ќе ве интересира: