Реклама

Претседателот Пендаровски: Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка

pendarovski

„Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот“, напиша доцна синоќа претседателот Стево Пендаровски кој додава дека ги следи реакциите на загрижени граѓани кои и лично го контактирале вечерва.

Zito akcija 640x289px

„Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои што учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање. Како што кажав и пред неколку седмици, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок“, бара Пендаровски.

Agria

Тој додава дека „Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка без вина на граѓаните и кои не се истечени во поглед на нивниот рок на важност сметано од издавањето особено не за учество во сообраќајот во рамките на територијата на нашата држава“.

Министерството за внатрешни работи вчера излезе со соопштение дека ќе постапува согласно закон и затоа од МВР апелираат граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира: