Министерството за економија објави повик за ваучери за одмор, може да се аплицира до крај на месецов

Министерството за економија согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во 2024 година ќе доделува потврди-ваучери за одмор на овие категории на граѓани. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а сите работници кои имаат ниски приходи ќе може да аплицираат за ваучер-потврда во вредност од 18.000 денари, објави министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција во Владата оддржана неодамна.

Zito akcija 640x289px

Како што кажа министерот, главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

Agria

“За оваа мерка се обезбедени средства во износ од 64.000.000 денари (околу еден милион евра) односно ке се издадат вкупно 3.555 потврди-ваучери заодмор за работници со ниски приходи.
Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари” кажа Бектеши.

Според министерот Бектеши, потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страната на Министерството за економија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: