Реклама

Ќе договорат ли партиите датум за избори на денешната лидерска средба?

Лидерите на парламентарните партии денеска ќе се сретнат повторно во претседателската вила во повторно да се обидат да договорат нов датум за предвремени парламентарни избори кои беа прекинати, откако Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ дадоа свои мислења соколу тоа како би се спровел изборниот процес во време на епидемија со коронаврусот.

Zito akcija 640x289px

Позициите на СДСМ во однос на датумот кога треба да се одржат изборите се познати. Од СДСМ сметаат дека процесот треба да заврши до крајот на јуни, односно дека за 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, која според третата одлука на Пендаровски, би била до 30 мај. Според тоа 22 ден би бил на 21 јуни (недела), иако останува отворена можноста гласањето да се помести и за 28 јуни.

Agria

Од ВМРО-ДПМНЕ, практично навестија дека и на денешната средба ќе настапат со позиции дека ситуацијата со коронавирусот се уште не е ставена под контрола, и дека СДСМ брза со избори за да избегне поголем пораз.

Во меѓувреме согласно договорот на лидерската средба одржана минатата недела, обезбеден е Протоколот на Комисијата за заразни болести за спроведување на парламентарните избори. Добиено е  мислењето на ДИК до претседателот Стево Пендаровски, и е обезбеден позитивниот одговор што ОБСЕ го испратил до МНР за организирање на набљудувачката мисија.