Борец Баскет во хумана мисија, средствата од продадените билети на натпреварот со МЗТ Скопје УБ за лекување на Леонид Индов

Borec Basket MZT UB

Кошаркарите на Борец Баскет најавуваат дека средствата од продадените билети од неделниот натпревар против екипата на МЗТ Скопје УБ ќе бидат донирани во фондот за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„КК Борец Баскет се вклучува во акцијата за собирање средства за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов. Сите средства од продадени влезници 🎟️ (100 ден.) од натпреварот против МЗТ Скопје УБ и дополнителните собрани донации ќе бидат уплатени на семејството на Лео. Ве очекуваме во ГОЛЕМ БРОЈ во НЕДЕЛА од 17:00 да покажеме дека Велес е хуман град, а воедно да стигнеме и до нова победа во Втора Лига! Броеви за донации 📞 ТМ : 143-118, А1 : 143-500“, порачуваат од Борец Баскет.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Натпреварот од 16 коло на Втората кошаркарска лига на Македонија, помеѓу Борец Баскет и МЗТ Скопје УБ ќе се одигра во недела во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, со почеток од 17 часот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: