Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одби жалбата на Кеги Моби за натпреварот со Железарец кој заврши со резултат 3:3, за кој се тврдеше дека велешани постигнале регуларен гол кој судиите од Скопје неоправдано го поништија.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани бараа натпреварот да се преигра или поништи доколку се утврдат грешките на судиите за нерегуларно поништување на погодокот,.
Содржината продолжува под рекламата
Во образложението кое го добија и двата клуба стои дека, Судискиот одбор на ФФМ утврдило дека нема повреда на фудбалската игра, и дека нема основа за поништување на натпреварот, па тој е регистриран со постигнатиот резултат 3:3.
Како што стои во реакцијата од клубот, спорен момент е при резултат 2:3 за гостите од Скопје, а домашниот состав постигнува гол, за израмнување на 3:3. Судиите го признаваат погодокот, но по 30 секунди ја променуваат својата одлука поради наводно играње на играчот, голман на Кеги Моби два пати со топка на своја половина.
Од клубот објавија и фотографии и видео, на кое се докажува дека голманот, играч на Кеги Моби игра само еднаш со топка на своја половина, бидејќи кога при обид на играч на Кеги Моби да ја врати топката назад, има допир на топка на играч од КМФ Железарец.
Велешани се прашуваат, на кого му одговараат овие судиски грешки, кои во главно одат на нивна штета и се „крои“ табелата во шампионатот.
Можеби ќе ве интересира: