КМФ Бутел и КМФ Кеги Моби ги поделија бодовите во натпревар со 10 голови, одигрувајќи 5:5, во рамки на 12 коло од Првата македонска футсал лига.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани можат да жалат што не ги освоија трите бода, бидејќи во текот на целиот натпревар имаа водство. Стојчев во 3 минута донесе водство за Кеги Моби. Во 8 минута со прекрасен удар од далечина израмни Трендафиловиќ. Во следниот напад ново водство за велешани со голот на Адиловиќ. Со уште еден гол од далечина домаќините преку Анчевски го израмнија резултатот. На полувреме се замина со резултат 3:3, со головите на Левков во 12 минута и Калчев во 18 минута.
Содржината продолжува под рекламата
До 30 минута велешани со головите на Левков и Стојчев имаа водство од 5:3, но домашниот состав преку Тодоровски и вториот погодок на Калчев ја анулираа предноста на Кеги Моби за конечни 5:5.
По 12 одиграни кола Кеги Моби се наоѓа на делба на шестата позиција со освоени 13 бода. Во следното коло велешани го пречекуваат лидерот на табелата, тимот на Форца.
Можеби ќе ве интересира: